95
Договорот на 26
годишниот фудбалер од средниот ред на Милан, Хакан Чалханоглу истекува идното
лето, а според информациите кои пристигнуваат од Италија, за услугите на турскиот
интернационалец постои сериозен интерес од други клубови.
„Тутоспорт“
наведува дека преговорите за нов договор помеѓу обете страни течат
комплицирано, а причина за таквата ситуација е големото барање на 26 годишниот
фудбалер кој посакува 6 милиони евра плата од сезона за да остане во тимот на „Росонерите“.
Јувентус се
поврзуваше со Чалханоглу кој има одличен старт во новата сезона, а освен „Старата
дама“, се споменуваше и неговиот поранешен клуб Баер Леверкузен.