Пред три недели
настана голем хаос во редовите на Џенова, имаше дури 22 случаи на коронавирус.
Голманот Матија Перин беше првиот позитивен случај во тимот на нашиот Горан
Пандев, а потоа настана голема зараза и дури 17 фудбалери закачија ковид-19.
Потоа се појавија
и позитивни случаи во редовите на Наполи (Пјотр Зелински и Елиф Елмас) противникот на Џенова, не се одигра големото дерби помеѓу Јувентус и Наполи и се појавија
многу прашалници за протоколите.
Во разговор со
„Ла Република“, Матија Перин вели дека малку се знае за овој подмолен вирус,
секој може да се зарази и како пример ги посочи Кристијано Роналдо и
претседателот на САД, Доналд Трамп.
„На речиси една
недела пред дуелот против Наполи, на 21. септември, отпатував во Торино да ги видам сопругата и децата. Тоа беше понеделник и спротивно на работите кои беа
кажани, нема доказ дека тој ден сум се заразил со коронавирус“ – вели Матија
Перин, кој ја победи болеста
и сега е негативен.
„Во средата ни
беа направени тестови, резултатот пристигна во четврток наутро и беше
негативен. Но вечерта имав треска. Ова е подмолна болест, можете да се заразите
во такси или кога го притиската копчето во ливтот. Во моето семејство сите беа
негативни. Клиничката слика се менува за десетина часови, па и специјалистите
не знаат се за ковид-19“.
„Да бидеме јасни, хаосот на дуелот помеѓу Јувентус и Наполи не се случи поради Џенова. Може да му се случи секому. Кристијано Роналдо е позитивен, Доналд Трамп е позитивен. Доколку клубот ни се викаше Реал Мадрид, Интер или Јувентус, ќе беше покажана поголема почит“.
Поради
зголемениот број на случаи, медиумите шпекулираат дека се разгледува опцијата
Серија А да креира „меур“ налик на оној во НБА.
„Разговараме во
соблекувалната, никој од нас не е експерт за да знаеме што е најдобро, но
мислам дека мора повеќе да се жртвуваме“.
„Млади сме,
тренирани атлети и добро се справуваме со коронавирусот, но ова е грд, подмолен
ѕвер. Ќе лажам доколку кажам дека не ме дестабилизираше малку“.
„Убеедн сум дека вирусот
е креиран во лабораторија, и дека не се работи за трансмисија од животно“.