Се пишуваше дека Бруно Фернандеш ја загубил довербата која ја имал во Солшер, Португалецот тоа го негираше, а сега се јави и Норвежанецот.
„Ова е Манчестер јунајтед и нормално е да има притисок од надвор кога ќе загубите неколку пати“, вели Солшер.
„Но треба да преминете преку тоа и колку што е можно побрзо да им се вратите на победите“.
„Знаеме дека кога имаат и најмала шанса надворешни сили сакаат да креираат раздор. Мислам дека Бруно Фернандеш добро одговори на тоа прашање кога рече дека ние сме обединети и треба да останеме сплотени“.
„Не треба да слушаме што се зборува надвор, треба да се фокусираме на нашата работа“.
„Бруно досега има загубено два лига натпревари откако дојде во клубот во февруари, иако тие два порази се за кратко време, но тој не е навикнат да губи натпревари со нас“.
„Тие се обидуваат да креираат раздор меѓу нас, но тоа нема да се случи бидејќи оваа група сака да биде заедно“.
Солшер е под огромен притисок, особено по поразот од Тотнем со 6-1.