Тотнем во недела
на домашен терен ќе го пречека незгодниот Вест Хем, а сигурно избраниците на
Жозе Мурињо ќе имаат дополнителна мотивација по победата кај Манчестер јунајтед
со неверојатни 1-6, и тоа поради можното деби за Герет Бејл кој во преодниот
рок дојде од Реал Мадрид.
Секако, нема да
биде тоа прво деби за Бејл во дресот на Тотнем, каде играше и пред трансферот
во Реал Мадрид, но можноста Велшанецот да запише настап во недела е голема, а
со свој коментар на оваа тема се одзва и Мурињо, кој не сакаше да прецизира
ништо.
„Тимот во
генерална основа е најбитната работа во моментов, Герет е тука да му помогне,
но, истовремено ние мораме да се грижиме и за него“ вели Мурињо во однос на тоа
дали Велшанецот е подготвен за настап.
„Одлуката која на
крајот ќе ја донесеме ќе биде за доброто на сите во тимот, но, исто така и за
негово лично добро“ додаде Португалецот во изјавата за „Скај Спортс“.
„Најважното е тој
да има среќна сезона со нас, а јас сметам дека во моментов тоа е навистина
многу важно во неговата кариера“ заклучи шефот на стручниот штаб на Тотнем.