Барселона притиска за навивачи во Лигата на шампионите, но властите не дозволуваат

by
1 минути читање

Од Барселона
продолжуваат да притискаат за навивачите да се вратат на трибините на „Камп ноу“
во новата сезона од Лигата на шампионите која стартува со групната фаза од
идната седмица.

„Кадена коуп“
известува дека во клубот се надеваат дека ќе добијат дозвола за своите барања
со што би имале 25% исполнетост на арената која би имала до 20,000 навивачи за
време на натпреварите во елитното европско клупско натпреварување.

Како и да е, „Марка“
минатата седмица извести дека шпанските власти во писмото испратено до УЕФА
јасно посочиле дека стојат на ставот дека исклучена е можноста за враќање на
навивачите на стадионите, а таквата позиција во ставовите тешко дека би се
променила оваа година.

Со идентичен став
се воедно и властите во Каталонија, иако постоеа најави дека групната фаза во
Лигата на шампионите ќе биде со навивачи на трибините, а од Барселона и натаму
нема да отстапат од своите ставови за дуелот со Ференцварош идниот вторник да
имаат поддршка од трибините, претходно се надеваа на 30% од капацитетот на „Камп
ноу“.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани