Министерот за
спорт на Италија, Винченцо Спадафора верува дека првата ѕвезда на Јувентус,
Кристијано Роналдо го прекршил здравствениот протокол за заштита од
коронавирусот со тоа што отпатувал за време на интернационалната пауза со
својата селекција Португалија.
Сестрата на Роналдо смета дека ковид-19 е најголемата измама досега која ја видела
Португалецот за
време на обавувањето на репрезентативните обврски се зарази со ковид-19, а
претходно медиумите објавија дека тој прв ја напуштил заштитената зона во
Јувентус во пресрет на интернационалната пауза.
„Да, јас мислам
дека е така, доколку немало некаква посебна дозвола од здравствените институции
тогаш тој го прекршил протоколот“ вели Спадафора на прашањето дали Роналдо го
прекршил прокотолот со тоа што патувал кон, односно од Португалија.
„Засега останува
исто по прашањето со навивачите, регионите предложија до 25% од капацитетите на
стадионите да бидат исполнети со навивачи, меѓутоа, барем засега ние не можеме
да го дозволиме тоа“ додаде Спадафора во поглед на прашањето со навивачите.
Роналдо и
останатите соиграчи од Јувентус веќе имаа два негативни тестови за
коронавирусот, според протоколот во фудбалска Италија, меѓутоа потребен им е
уште еден за да им се дозволи напуштање на изолацијата во хотелот.