Најголемата непозната приказна: Како Жозе Мурињо го убедил Лео Меси да се пресели во Челси

by
2 минути читање

Лео Меси пред два
месеци беше топ тема откако побара раскин на договорот со Барселона. Десетина
дена интензивно се шпекулираше за неговата иднина а на крајот Аргентинецот реши
да остане со цел да избегне судски спор.

Џанлука Ди Марцио
сега открива како Аргентинецот пред шест години исто така бил многу блиску до
заминување од Камп Ноу. Италијанскиот новинар вели дека напаѓачот во 2014
изразил желба да ја промени средината, разговарал со Жозе Мурињо за преселба во
Челси, му се допаднало она што го слушнал, „сините“ биле подготвени да ја
активираат неговата откупна клаузула, но се пропаднало во вода во последен
момент.

Во својата нова
книга „Гранд Хотел Калчомеркато“, Ди Марицио ја раскажува најголемата непозната
приказна на трансфер пазарот.

Откако Жозе
Мурињо бил запознаен за желбата на Лео Меси, имал видео разговор со напаѓачот.

„Како си шампиону?“
– „специјалниот“ го скршил мразот. „Само што ми кажаа за твојата желба. Не знаеш
колку непреспиени вечери сум имал во обидот да најдам начин да те сопрам. Се
обидов да применам безброј стратегии, сите тие функцинираа до моментот кога ти
ќе изведеш победнички дриблинг и ќе постигнеш гол. Ти си најдобар, точка“.

„Знаеш што ќе ти
кажам? Дека треба да останеш онаму каде што си“
– продолжил Мурињо и ги шокирал
посредниците кои биле во собата и кои веќе мирисале милинска провозија. И
самиот Лео Меси останал збунет од потегот на Португалецот.

„Немој да
заминеш, таму ќе ти изградат статуа, остани во Барселона. Тоа е најдоброто
место за играч кој е број 1, за играч како тебе“.

„Сепак… ако
едно утро се разбудиш, доручкуваш во тренинг центарот и кафето нема ист вкус,
небото одеднаш станува сиво, повеќе не ти се допаѓа автомобилот, тажен си кога
си одиш дома, не си среќен, твоето семејство не е среќно, во тој темен момент
од твојот живот… да, тогаш ќе мораш да ја отвориш портата на среќата. И на
другата страна ќе ме најдеш мене, како те чека Жозе Мурињо“.

Со овие зборови,
Жозе Мурињо го „купува“ Меси, Роман Абрамович и дава задача на Марина Грановскаја
да почне да ја подготвува документацијата. Челси е подготвен со 250 милиони
евра да го ослободи Лео Меси од обврските со Барса, подготвува годишна плата
од 50 милиони фунти за играчот а има и согласност имиџ правата да ги дели 70%-30%.

И кога сите во
Лондон веруваат дека ќе го ангажираат Лео Меси, таткото на фудбалерот се
вмешува во последен момент. Деко, кој бил еден од посредниците, но изоставен од финалните преговори го известува Хорхе Меси што се случува а тој за кратко време става крај на се.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани