Гризман го пецна Куман: Дешамп знае на која позиција да ме стави

by
1 минути читање

Гризман се мачи на почетокот од сезоната во Барселона, но не е така и во француската репрезентација. На синоќешниот меч во Хрватска тој постигна гол и беше еден од најдобрите на теренот.

„Тоа беше тежок меч, не можевме добро да ја развиеме играта, теренот беше бавен, а противникот навистина сакаше да дојде до трите бода. Но најважно е што дојдовме до победата“, вели Гризман.

„Мислам дека постигнав многу убав гол. Топката дојде до мене, се обидов да ја удрам убаво и да постигнам погодок. Се чувствувам добро поради голот. Тренерот знае каде да ме стави да играм па го искористив тоа и довербата која во мене ја имаат тренерот и соиграчите“.

Ваквата изјава на Гризман многумина ја оценија дека е индиректна порака за Куман дека Холанѓанецот не знае како да го извади најдоброто од францускиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани