Бруно Фернандеш беше заменет на полувремето при водство на Тотнем од 4-1. Во англиските медиуми се појавија гласини дека тој не ја прифатил најдобро одлуката на Солшер и веќе ја згубил довербата во норвешкиот стратег.
„Прво се пишуваше за кавги со соиграчите, но тоа не држеше, потоа се пишуваше за кавги само со еден соиграч (Виктор Линделоф), ни тоа не држеше, сега се збогува за кавги со Солшер“, вели Бруно Фернандеш.
„Мислам дека тоа е начин да се дестабилизира групата. Тоа што се зборува нема врска со реалноста“.
„Бев заменет на полувреме, точно е тоа, причината беше техничка. Тренерот ми рече дека мечот е речиси решен и многу други натпревари се пред нас. Го сфатив тоа. Не бев среќен, но не реков ништо што може да влијае негативно на групата“
„Не го користете моето име, моите колеги или тренерот за да ја рушите атмосферата во Манчестер јунајтед. Атмосферата е добра и тимот е подготвен да одговори на следниот натпревар“.