Како што е
познато, Кристијано Роналдо се зарази со ковид-19, и тоа за време на
интернационалната пауза обавувајќи ги своите репрезентативни обврски кон
Португалија, а неговата сестра Катја Авеиро револтирано сподели порака на
социјалните мрежи по сите случувања на оваа тема, обвинувајќи дека сево ова е
една голема измама, всушност, најголемата досега.
„Доколку Роналдо
е потребен за да го разбуди светот, тогаш во една таква ситуација можам
слободно да кажам дека тој е испратен од бог, благодарам“ напиша таа на
социјалните мрежи.
„Сметам дека од
денеска илјадници луѓе кои целосно веруваа во пандемијава, во тестовите, мерките и препораките, како мене, ќе увидат дека ова е најголемата измама која сум ја видела досега од самото мое раѓање“ додава сестрата на првата ѕвезда на Јувентус.
„Денеска прочитав
една порака, на истата и аплаудирам стоејќи, истата вели дека ‘доста е да го носите сиот свет во заблуда, ве молам некој да почне да ги отвора очите’“ заклучи таа.
Пораката на Катја
Авеиро всушност во голем дел е во правец кон новинарите од Португалија кои
позитивниот наод на Роналдо за ковид-19 го искористија да демонстрираат пример
кон сите граѓани на таа земја да почнат да веруваат во вирусот, а воедно и да
се грижат за себе и да почнат да ги менуваат сопствените навики.