Новите протоколи му одат во прилог, колку натпревари ќе паузира Кристијано Роналдо?

by
1 минути читање

Андреа Пирло и
Јувентус на следните натпревари ќе мора да играат без првата ѕвезда, Кристијано
Роналдо е заразен со ковид-19.

ЦР7 ќе пропушти
најмалку два натпревари, дуелот со Кротоне (17. октомври) во Серија А и
дуелот со Динамо Киев (20. октомври) во Лигата на шампиони.

Тој е под знак
прашалник за натпреварот против Верона (25. октомври) во Серија А и големата пресметка
против Барселона (28. октомври) во Лигата на шампиони.

Во прилог му одат
новите протоколи во Италија, карантинот е намален од 14 на 10 дена. Исто така,
потребен е само еден негативен тест за да може да продолжи со секојдневните
обврски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани