Легендарниот
напаѓач на Манчестер јунајтед, Енди Кол вели дека би му претставувало да игра
против Вирџил ван Дајк, особено во една ситуација како моменталната во која
Холанѓанецот бележи лош старт на новата сезона со Ливерпул.
Холанѓанецот се
разви во еден од најдобрите централни дефанзивци во светот на фудбалот по
одличните перформанси под кормилото на Јирген Клоп во составот на „Редсите“,
меѓутоа 29 годишниот стопер има слаби изданија на стартот од новата сезона.
„Ван Дајк е
навистина добар фудбалер, меѓутоа јас сум индивидуалец кој би му претставувало
задоволство да има противник како него на теренот“ вели Кол кој е трет на
листата на стрелците во историјата на Премиерлигата со 187 погодоци, од кои 93
се во дресот на Манчестер јунајтед.
„Секогаш сакате
да се ставите на еден тест против најдобрите, а тој е во моментов најдобриот на
својата позиција, без никакво сомневање во тоа, меѓутоа, јас лично посакувам да
ја пронајдам слабоста на дефанзивците на теренот, а видовме неколку слабости на
Ван Дајк изминатиов период“ додава Кол.
„Го следев на
дуелот против Лидс, противниците му создадоа доста проблеми во играта, особено
во офанзивната, неговите противници постигнаа три гола, а тој не уживаше во
натпреварот, тој дефинитивно е „Ролс Ројс“ од дефанзивец, меѓутоа дефинитивно
нема некоја голема желба да реши некој проблем во моментите кога веќе е поминат
од противниците“ издвојува поранешниот напаѓач.
„Тоа е нешто што
јас го работев по цели денови кога бев во најдобрите денови во мојата кариера,
веројатно би му бил негов најголем кошмар доколку играв против него“ заклучи
Кол.