Арсен Венгер
стравува од тоа дека најдобрите години на Месут Озил прават штета не само на
фудбалерот, туку и на самиот клуб Арсенал, по последните случувања со него, а
воедно јавно го прозва Микел Артета да го инволвира Германецот.
„Имам чувство
дека сево ова е голема штета прво и основно за него лично, најмногу поаѓајќи од
фактот дека тој е во годините кога фудбалер со негов талент може да придонесе
најмногу на теренот од останатите“ смета Венгер.
„Секако, ова е
штета и за самиот клуб, првично бидејќи станува збор за фудбалер со голем
талент во себе, креативен талент кој во завршните години од својата кариера
може да придонесе за некое „убиствено“ додавање на теренот кое може да реши
натпревар“ додаде поранешниот долгогодишен тренер на „Топчиите“.
„Во моментов
главното во фудбалот се брзи контри преку пресинг во играта, брзи транзиции, а
сите веќе добро ја играат оваа игра, и не би смееле да заборавиме кој беше
Озил, светски шампион кој воедно беше дел и од Реал Мадрид, неговата посебна
умешност во асистенциите доволно говори, сметам дека Арсенал треба да направи
место за него повторно, да биде инволвиран во тимот“ заклучи поранешниот
француски фудбалски стратег.
Договорот на Озил со Арсенал истекува идното лето, а и покрај фактот што нема одиграно натпревар за „Топчиите“ цели седум месеци, доби бонус во висина од 8 милиони фунти за лојалност.