Роналдо кој во моментов има обврски со селекцијата на Португалија, е позитивен на ковид-19 на последното тестирање.
„Кристијано Роналдо е ослободен од работа со националниот тим откако е тестиран позитивно на ковид-19, па тој нема да игра против Шведска. Тој е добар, нема симптоми и е во изолација. По добиениот позитивен тест на Роналдо, сите останати играчи во вторникот наутро уште еднаш се тестирани, сите имаат негативни резултати и ќе му бидат на располагање на Фернандо Сантош за денешниот тренинг“, се вели во соопштението на Португалската фудбалска федерација.
Роналдо сигурно ќе го пропушти следниот меч на Јувентус, на гостински терен кај Кротоне, а веројатно нема да биде во комбинација и за првиот меч од Лигата на шампионите кои го играат на гостински терен кај Динамо Киев.