Твитер го пензионираше Кристијано Роналдо (ФОТО)

by
2 минути читање

Кристијано
Роналдо соопшти кога ќе се повлече од репрезентацијата на Португалија, или
барем тоа е главна вест на социјалните мрежи во последните 24 часа. Во пресрет
на дуелот со Франција во Лигата на нации, на Твитер се појави изјава од ЦР7 во
која се вели дека Светското првенство во Катар за него е последно.

Ваквата
информација на добро познатиот профил Спортбајбл брзо се прошири на социјалните
мрежи, но не и на големите португалски спортски весници како Рекорд, А Бола и О
Жого, каде нема ниту трага ниту глас за пензионирање на Кристијано Роналдо.

Веста ја неам
ниту на АС и Марка, весници блиски до Реал Мадрид кои и понатаму внимателно
ги следат активностите на Кристијано Роналдо. За најавите за пензија немаше
абер ниту кај големите спортски весници
и ТВ куќи во Италија, земјата каде напаѓачот настапува.

Всушност,
изјавата која најчесто се споделува на Твитер е стара четири години.

„Очекувам Катар
да биде моето последно Светско првенство. Често одам на одмор таму, во Катар
како и во Дубаи. Многу веројатно тоа ќе биде моето последно големо
натпреварување
“ – изјави Кристијано Роналдо во 2016 за беИН Спортс.

Многу логично е
мундијалот во Катар да биде последен за Кристијано Роналдо, следниот е на
програмата во 2026, кога тој ќе има 41 година. На сите им се добро познати приказните
како тој се одржува во топ форма и колку многу внимава на физичката подготвеност
но тешко е за верување дека ќе може да игра на високо ниво и на 41 година. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани