Манчестер јунајтед го губи трпението со Солшер, Ед Вудворд му подготвува отказ

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед наскоро ќе промени уште еден тренер. Многумина веќе вината почнаа да ја бараат во раководството, а не во тренерите, но засега позицијата на Ед Вудворд е безбедна, а тој ги менува стратезите.

Според „Мирор“, Вудворд му подготвува отказ на Оле Гунар Солшер, шокантниот пораз од Тотнем од 6-1 ја прелило чашата и наскоро Норвежанецот треба да биде сменет од функцијата.

Се шпекулира дека наследник на Солшер ќе биде поранешниот тренер на Тотнем, Маурисио Покетино.

Интересно е дека Мурињо му го зема тренерското место на Покетино во Тотнем, но Португалецот со победата над Манчестер јунајтед која ќе биде една од главните причини за отказ на Солшер, индиректно ќе му донесе нова работа на Маурисио.

Во првите три одиграни натпревари Манчестер јунајтед има една победа и два порази, вкупно примени 12 голови, во просек четири по натпревар. Црвените ѓаволи два пати доживеаа дебакл на Олд Трафорд, од Кристал Палас во првото коло кога загубија со 3-1, и од Тотнем со 6-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани