Короната не го напушта Ибрахимовиќ, Швеѓанецот повторно позитивен

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Милан, Златан Ибрахимовиќ и натаму е позитивен на коронавирусот, објави
италијански „Скај Спорт“, а освен Швеѓанецот, повторно позитивен тест на
тестирањето доби и неговиот соиграч, Бразилецот Лео Доарте.

Во Милано
подложни беа на тестирање фудбалери кои не отпатуваа на репрезентативните
собири, а позитивни на тестирањето во составот на „Росонерите“ се Ибрахимовиќ и
Дуарте, кои и натаму остануваат во изолација.

Милан на 17.
октомври веднаш по интернационалната пауза ќе ги одмери силите со градскиот
ривал Интер, а прашање е дали Ибрахимовиќ би имал можност да настапи на
дербито.

Во воведните три
меча од новата сезона во Серија А, Милан запиша исто толку и победи, а
Ибрахимовиќ во еден настап постигна два гола досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани