Во август месец,
Маурицио Сари доби отказ од Јувентус. Стратегот го освои Скудетото, но имаше
неуспех во Лигата на шампиони и затоа беше разрешен од должноста.
Јувентус му
понуди одредена сума за раскин на договорот, но стратегот го одби првиот
предлог.
Двете страни сега
одново ќе седнат на маса и ќе се обидат да пронајдат согласност за преки на
соработката. Италијанецот има договор до 2022 и нето плата од околу 5,5 милиони
евра.
Медиумите истто
ка пренесуваат дека Маурицио Сари во следните месеци би можел да му се врати на
фудбалот, како опции се посочуваат Фиорентина и Рома.
Неговиот пријател
Аурелио Вирџили го споменува и Наполи, но малку е веројатно едно вакво сценарио
со оглед на тоа дека стратегот во Неапол важи за предавник.