По 30 години
чекање, Ливерпул конечно се радуваше на титула во Премиерлигата. Еден од „виновниците“
за успехот е Јирген Клоп. Харизматичниот Германец ги трансформираше „црвените“
во машина која ги „меле“ противниците а покрај титулата од првенството на
Англија, донесе триумф и во Лигата на шампиони, Суперкупот на Европа и Светското
клупско првенство.
Се започна на
овој ден пред пет години, кога клубот од Енфилд го промовираше Јирген Клоп за
нов тренер по отказот на Брендан Роџерс.
Стратегот сега се
присети на повикот кој го добил за интересот на Ливерпул. Бил на одмор со семејството
во Португалија, малку фалело да не крене телефон, но чувствувал дека е нешто
интересно па се јавил.
„Не можам да го
заборавам моментог кога ми се јави агентот да ме извести дека Ливерпул е
заинтересиран за мене. Бев на одмор, не мислев на работа. Со семејството бев во
Португалија, или поточно во Лисабон. Двете момчиња беа со нас. Ула и јас
седевме во едно кафуле“ – раскажува Клоп.
„Ретко некој ми
се јавуваше во тао време, па кога заѕвоне телефонот, си реков, „Ајде, не
додевај“. Но кога видов кој ме бера, имав чувство дека може да биде нешто
интересно. Па кренав, агентот ми кажа за што станува збор и веднаш ме обзеде
возбуда“.
„Но со оглед на тоа
дека имав ветено одредени работи на семејството, не можев веднаш да кажам „Да! Ајде да
го направиме тоа“. Морав да прашам, „Што мислите?“ Двете момчиња рекоа „Да!“,
па ја погледнавме Ула, а таа не погледна тројцата и рече, „Ах, изгледа одморот
ни заврши!“. Тоа беше навистина убав момент споделен со семејството“.
„Веднаш се
вративме дома, ден-два подоцна ми се јави Мајк Гордон и отпатувавме за Њујорк“.
„Но тој прв
момент кога дознав за интересот на Ливерпул беше навистина специјален. Од тогаш
па наваму, само е подобро и подобро“.