За најплатениот фудбалер во историјата на Арсенал, нема место во составот за ЛЕ, Артета не смета на Озил

by
2 минути читање

31-годишниот фудбалер нема одиграно меч за Арсенал уште од март, пред паузата поради коронавирусот тој беше во составот на Артета на сите мечеви, но потоа се променија работите.

Озил е најплатениот фудбалер во историјата на Арсенал со неделна плата од 350.000 фунти, но откако го потпиша богатиот договор, стана непрепознатлив.

Озил нема да биде во составот на Арсенал за натпреварите од Лига Европа, а има информации кои велат дека Артета не сака Месут да биде и дел од соблекувалната бидејќи во неа сака само позитивна енергија.

Запрашан зошто Озил повеќе не е во неговите планови, Артета одговори политички: „Овој тим еволуира, може да го видите нивото кое го достигнаа. Тука сме во моментот и сакаме да еволуираме уште повеќе, да играме подобро. Продолжуваме да го правиме тоа. Навистина сум среќен со перформансите, како играчите прават на стручниот штаб да му биде тешко да го одбере составот“.

Јавна тајна е дека Озил не тренира на највисоко ниво, не се залага како што треба тоа да го прави еден вистински професионалец, особено некој кој е толку платен.

Арсенал не може да се ослободи од Озил, тие сакаат да го продадат, но нема клуб кој му ја нуди сегашната плата. Топчиите беа подготвени да прифатат тие да му плаќаат дел од платата во новиот клуб, но Месут одбива да си оди, убаво му е во Северен Лондон и покрај тоа што не игра фудбал.

Но не е се негативно кога се зборува за Месут Озил, тој се понуди да му ја плаќа платата на Ганерсаурусот кој раководството на Арсенал го избрка иако човекот работеше како маскота во клубот цели 27 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани