Запакоста: Како започна хаосот со ковид-19 во Џенова…

by
2 минути читање

Неколку фудбалери
на Џенова чувствувале замор пред дуелот со Наполи, на кој беа поразени со
убедливи 6-0, подоцна беа тестирани позитивни на ковид-19, а овој случај отвори
безброј дилеми во Италија.

Клубот пријави
дури 22 случаи на коронавирус, од кои 17 се фудбалери, нашиот капитен Горан
Пандев не е помеѓу тие, а Давиде Запакоста, кој е еден од заразените открива
како започна хаосот со коронавирусот во клубот.

Сезапочна со Матија Перин кој беше негативен
на тестирањето ден пред да пријавува симптоми, тој веднаш беше испратен во
изолација уште по самото тестирање, меѓутоа дотогаш тој сигурно веќе го пренел
вирусот на другите во соблекувалната
“ вели Запакоста.

Така сезапочна, а тестирањата кои веднаш ги
извршивме тогаш беа со негативни резултати, вклучувајќи го и мојот тест, но
веќе имавме контакт со заразена особа
“ додава тој.

Перин и Шоне беа
првите фудбалери на Џенова кои добија позитивен тест за присуство на
коронавирус, а двоецот не патуваше на гостувањето кај Наполи.

Немавме избор,
моравме да одиме на тоа гостување бидејќи натпреварот веќе беше потврден, а
подготовките за натпреварот беа исклучително комплицирани, ни земаа брисеви во
еден часот по полноќ пред самиот натпревар, а тргнавме со авион утрото, не
спиев добро, ниту пак се чувствував најдобро, иако немав настинка, мечот
истовремено беше тежок за нас и поради фактот што Наполи има доста посилен тим

наведе 28 годишниот бек.

Ни земаат
брисеви на секои три дена, како и тестови за присуство на антитела еднаш во
една седмица, тоа е проблем, бидејќи можете да бидете негативен во понеделник, да направите тестирање во вторник, за веќе во четврток да
дознаете дека сте позитивен, а во меѓувреме ќе поминете три денови со останатите
од тимот, ова може да му се случи на било кој друг тим
“ заклучи Запакоста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани