Телефонскиот повик од Арсенал во два часот по полноќ кој ги налути во Атлетико Мадрид

by
2 минути читање

Нема никакви
дилеми во тоа дека Арсенал во Томас Парти доби навистина големо засилување во
својот состав, меѓутоа медиумите сега се занимаваат со хронологијата околу тоа
како дојде до реализација на овој трансфер, кој и повеќе од очигледно е дека го
начекал Атлетико Мадрид на спиење.

Првичните
информации на оваа тема говорат дека од Арсенал ги контактирале телефонски
претставниците на Парти дури во 2 часот по полноќ во недела, што секако
отежнува било каков обид на Атлетико Мадрид да ја покрие дупката во својот тим
по неговото заминување.

Се верува дека планот
на Диего Симеоне бил во новата сезона во средниот ред да игра со Томас Парти и
Лукас Тореира, Уругваецот кој замина во Атлетико Мадрид на позајмица токму од
Арсенал, а Парти иако бил запознаен со интересот од Арсенал, истовремено
очекувал и во новата сезона да биде дел од составот на „Јорганџиите“.

„Марка“ на оваа
тема пишува дека претставниците на Габонецот биле известени дури во 2 часот по
полноќ, а Парти за сериозноста во обидите на Арсенал дознал дури во понеделникот
наутро, инаку последниот ден од преодниот рок.

Шпанскиот весник
додава дека фудбалерот и неговиот агент немале никаква претстава дека тој веќе
го одиграл последниот меч за шпанскиот прволигаш, а самиот Парти морал брзо да реагира
откако најпрво бил оставен да донесе конечна одлука пред самата активација на
неговата откупна клаузула во висина од 52.5 милиони фунти од страна на Арсенал.

Сумирано во
бројки, Арсенал за Парти издвојува 110 милиони фунти, постигна договор за неделна
плата на фудбалерот во висина од 260,000 фунти со четири годишен договор
,
а Габонецот доби и дополнителни 2.5
милиони фунти за потписот со Премиерлигашот. Што се однесува пак до агентот на
фудбалерот, тој доби 10% од зделката.

Како и да е,
повеќе медиуми наведуваат дека во Атлетико Мадрид се далеку од среќни поради
начинот на кој Арсенал го доби потписот на Парти, а доцната реакција на „Топчиите“
ги спречи Атлетико Мадрид адекватно да ги засилат сопствените редови по
неговото заминување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани