Роналдо и уште неколку фудбалери го напуштиле „меурот“, Јувентус ги пријавил

by
1 минути читање

Откако двајца членови на „старата дама“ беа позитивни на коронавирус, Јувентус креираше „меур“ во тренинг центарот во Континаса. Фудбалерите требаше да останат таму неколку дена, додека не добијат два негативни теста, но неколку играчи решиле да заминат предвреме.

Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Родриго Бентанкур, Хуан Квадрадо и Данило заминале на настап со своите репрезентации, додека пак Џиџи Буфон и Мерих Демирал си заминале дома.

Па Јувентус ги известил локалните здравствени власти (АСЛ) за ваквиот развој на настаните, а тие пак го известиле обвинителството.

„Мислам дека не е сторен сериозен прекршок, се качиле на приватен лет, па ќе добијат парична казна. Мислам дека нема да им биде проблем да ја платат“ – вели Роберто Тести од АСЛ.

Медиумите пишуваат дека се работи за парична глоба од 400 евра, па сигурно ова нема да им биде проблем со оглед на тоа дека имаат милионски договори.

Останатите продолжуваат да бидат во изолација во „Ј Хотел“ и да тренираат во комплексот, а помеѓу нив има и фудбалери кои добија повик од своите репрезентации како Адриен Рабио, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини. Се очекува во текот на денот или утре да добијат дозвола да си заминат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани