Фудбалерите на Џенова чувствувале замор пред дуелот со Наполи, дали тоа биле знаци дека имаат коронавирус?

by
1 минути читање

Џенова гостуваше
кај Наполи на 27. септември, а во деновите потоа во таборот на „рособлу“ брзо
се прошири зараза на ковид-19. Клубот на нашиот Горан Пандев пријави дури 22
случаи на коронавирус, од кои 17 се фудбалери.

Сега се пишува
дека неколку играчи на Џенова чувствувале замор пред дуелот на Сан Паоло,
нозете им биле тешки, па се води дебата дали уште тука требало да се вклучат
алармите.

„Имало одредени
знаци. Момците од Џенова ми кажаа дека пред мечот чувствувале замор и дека на
теренот нозете им биле тешки. Според протоколот, им беа направени тестови пред
натпреварот и сите беа негативни. Но по натпреварот тестовите испаднаа
позитивни“
– вели агентот Д’Амико.

На оваа тема беше
запрашан и првиот човек на Џенова, Енрико Прециози кој рече: „Сега кога знаеме
дека имаат коронавирус, јасно е зошто биле исцрпени. Но тестовите пред почетокот
на натпреварот беа негативни. Дури по неколку дена пројавија симптоми поврзани
со ковид-19“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани