Манчестер јунајтед доведе големо засилување, потпиша Алекс Телеш

by
1 минути читање

27 годишниот Алекс Телеш и официјално е нов член на Манчестер јунајтед, трансфер кој се најавуваше подолг период, меѓутоа Премиерлигашот за момент одголговлекуваше во преговорите со Порто за на крајот конечно да го обезбеди потписот на Бразилецот кој не крие дека е пресреќен за овој трансфер..

„Голема чест и задоволство е фактот што се приклучувам на еден ваков голем клуб, морате да работите напорно за да дојдете до ваков момент во вашата кариера, ветувам дека ќе дадам максимум од себе со сето мое срце да донесам успеси во клубов“ вели Телеш за официјалниот клупски сајт на „Црвените ѓаволи“.

Телеш, кој во Порто се пресели во 2016. година од Галатасарај, веќе влезе во финалната година од својот договор со португалскиот клуб, кој пак не сакаше да ризикува да остане со празни раце и на крајот мораше да си подаде рака со Манчестер јунајтед.

Левиот бек инаку според својот стил на игра нуди големи можности во своите офанзивни задачи кои со големи успеси ги бележеше во дресот на Порто, каде на 129 меча успеа да запише 21 погодок и 39 асистенции, а 14 од вкупниот број погодоци беа постигнати во ударите од белата точка.

Иако барем засега нема официјална потврда за висината на обештетувањето, се шпекулира дека Манчестер јунајтед за Телеш ќе издвои 15 милиони евра, што е навистина одлична зделка за „Црвените ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани