Отворена истрага против Наполи, Прециози вели: Де Лаурентис не сакал да игра против Јуве, Инсиње е повреден, двајца позитивни…

by
2 минути читање

Наполи синоќа не
допатува во Торино за дербито против Јувентус, клубот од „Сан Паоло“ се
правдаше дека добил забрана од локалните здравствени власти откако позитивни на
коронавирус биле Зелински, Елмас и уште еден член на тимот.

Но Серија А не го
прифати образложението и одби да го одложи мечот, па Јувентус синоќа се појави
на „Алианц“, судијата ги чекаше гостите 45 минути, а откако тие не се појавија, беше означен крај.

Дисциплинска
комисија сега ќе одлучува за исходот, се очекува службена победа од 3-0 за
Јувентус, која ќе биде обжалена од страна на Наполи.

Одлуката нема да
биде донесена денес или утре откако е побарано дополнително време за детална проверка
на сите факти, а истрага отвори и Фудбалската федерација на
Италија. Федералниот обвинител ќе истражува дали биле запазени протоколите
договорени помеѓу ФФИ и научно-техничкиот комитет, и побарана е целата конверзација
помеѓу Наполи и локалните здравствени власти.

Во меѓувреме,
првиот човек на Џенова, Енрико Прециози вели дека неговиот колега Аурелио Де
Лаурентис не сакал да игра против Јувентус, па ги контактирал локалните
здравствени власти.

„Ова е лош
преседан, мислев дека имаме јасен протокол кој мораат да го почитуваат сите
клубови. Но наместо тоа, АСЛ интервенираше, направи бајпас на протоколите и
креираше голем хаос“
– вели Прециози.

„Ние не стапивме
во контакт со АСЛ кога имавме двајца позитивни, според протоколот, алармантно е
кога има десетина заразени. Имавме двајца заразени и отпатувавме во Неапол“.

„Според мене, Де Лаурентис
е тој кој стапил во контакт со АСЛ, а не обрантно. Можеби не сакал да играат
против Јувентус. Зошто би го сторил тоа? Добро прашање. Инсиње се повреди против
нас, имаат двајца позитивни… Но најдобро е да му се јавите нему. Наполи ќе ја
обжали одлуката, ќе има судски спорови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани