И покрај тоа што
Лион постави рок до петок, клубот од Франција синоќа призна дека Мемфис Депај
може да замине во последниот ден од преодниот рок.
На неколку часа
пред крајот на летниот трансфер пазар, Роналд Куман признава дека го посакуваат
Холанѓанецот, самиот играч сака да се пресели на Камп Ноу но „каталонците“ мора
да се ослободат од играч пред да го реализираат трансферот.
„Сакаме да го
ангажираме Мемфис Депај, а и тој сака да дојде во Барселона. Се работи за
одличен фудбалер. Може да игра како напаѓач, но одлично одработува и како лево
крило. Знае да ја задржи топката, да добие дуел и да прикаже високо ниво на
игра“ – вели тренерот на Барса.
„Но поради финансиската
ситуација во клубот, особено поради контролата од федерацијата, јасно е дека
некој мора да замина за друг да пристигне“.
Според медиумите
од Холандија, доколку зделката се реализира, Барселона ќе плати околу 30 милиони
евра, плус додатни 2 милиони евра во бонуси.