Ловрен во расправија со разлутени навивачи на Ливерпул: Никогаш нема да го разбереш фудбалот (ФОТО)

by
2 минути читање

Сите зборуваат за
понижувањето на Ливерпул на гости кај Астон Вила во последниот меч од четвртото
коло во Премиерлигата, каде составот на Јирген Клоп и актуелен бранител на
титулата забележа неверојатен пораз од 7-2.

Дејан Ловрен, кој
мина шест години на „Енфилд“ пред трансферот во Зенит изминатото лето, на
социјалните мрежи влезе во јавна одбрана на своите поранешни соиграчи од
составот на Ливерпул, а караницата со дел од навивачите за момент отиде и
предалеку.

Никогаш не
обвинувајте еден или двајца фудбалери за пораз. На теренот се 11 фудбалери кои
работат како ТИМ, некогаш има добри, некогаш лоши денови, утре е еден сосема
нов ден, продолжете напред!
“ напиша Хрватот на социјалните мрежи, за потоа да
добие одговор од еден навивач кој му порача да замолчи, на што стоперот му
возврати со прашањето „кој по ѓаволите си ти?“.

Џо Гомез, Роберто
Фирмино и замената за повредениот Алисон, Адриан беа главна мета на навивачите
по срамниот пораз, меѓутоа Ловрен откако инсистираше да не се критикува само по
еден или двајца фудбалери, му одговори на еден навивач на Ливерпул дека никогаш
нема да го разбере фудбалот.

Фирмино нема
постигнато гол 18 меча, беше одморен во средината на седмицата и се уште не
може да запише гол од шансите кои му се укажуваат, а ти зборуваш за тимски
спорт? Индивидуалните перформанси се претопуваат во тимските перформанси,
Гомез, Адриан и Фирмино го чинеа нашиот тим
“ беше коментарот на еден навивач,
по што Ловрен доста директно му одговори.

Прво и основно,
стави си вратоврска, а потоа ќе можам да ти објаснам зошто ти никогаш нема да
го разбереш фудбалот
“ гласеше одговорот на Хрватот, а тој на одредени навивачи
на Ливерпул кои отидоа предалеку со критиките им порача да навиваат за друг тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани