Сите клубови се
погодени од коронавирус кризата, бележат намалени приходи и загуби а некои мораа да отпашаат и вработени со изговор
дека немаат пари.
Еден од гигантите кој се реши на ваков чекор беше Арсенал.
„Топчиите“ направија кратење на персоналот, а денеска пристигна информација
дека без работа останал човекот кој 27 години работеше како маскота, односно популарниот
Ганерсаурус.
Но „топчиите“ очигледно
немаат проблем со пари, голем број на извори пренесуваат дека ќе биде активирана
откупната клаузула на Томас Парти. Арсенал цело лето се обидуваше да го купи
фудбалерот од Гана, но Атлетико Мадрид не сакаше да прифати продажба.
„Колчонероси“ не
помрднаа ниту милиметар од својот цврст став, па Арсенал е принуден на последниот ден од преодниот рок да достави
чек од 50 милиони до Ла Лига за да го откупи договорот на Томас Парти и да му ја исполни желбата на Микел Артета.