74
Џенова имаше 19 позитивни на коронавирус во изминатата недела, поради тоа се одложи мечот против Торино.
Вирусот е ставен во контрола во клубот и нема нови позитивни случаи.
„Џенова информира дека по последните тестови денеска, нема нови позитивни на ковид-19 меѓу фудбалерите и членовите на стручниот штаб“, се вели во соопштението.
Во тек е и паузата поарди настапите на репрезентациите, па се очекува дека овој период ќе биде доволен за дел од фудбалерите на Џенова да го поминат коронавирусот и да се вратат во акција. Тимот би требало да го одигра следното коло во Серија А.