86
Во последниот натпревар од 5-то коло во Ла Лига, Барселона и Севиља ги поделија бодовите на Камп Ноу. Во првиот сериозен тест за Роналд Куман, „каталонците“ одиграа само 1-1 против „андалузијците“.
Резултатот го отвори Де Јонг во 7. минута, напаѓачот најдобро се снајде по една нафрлена топка и погоди за 0-1.
100 секунди подоцна одговори Барса. Во обидот да пресече едно додавање на Меси за Алба, Навас перфектно спушти за Кутињо, кој без проблеми ја затресе мрежата за 1-1.
Во продолжението од мечот, двете екипи имаа шанси да ги однесат трите бода, но не падна нов гол.