67
Фудбал на „Алианц“ вечерва немаше. Наместо големо дерби помеѓу Јувентус и Наполи, имаше голем срам. Наполи не допатува во Торино со образложение дека добиле забрана од локалните здравствени власти откако позитивни на коронавирус биле Зелински и Елмас.
Серија А не го прифати ваквото образложение, ниту пак барањето за одложување на мечот, па Јувентус се појави на теренот. Се чекаа 45 минути за да се запазат правилата, па откако во 21:30 часот немаше абер од гостите, судијата Довери означи крај.
Сега дисциплинската комисија ќе одлучува за исходот на мечот, се очекува „старата дама“ да добие службена победа од 3-0 а „наполитанците“ да достават жалба.