Наполи синоќа не
отпатува во Торино, медиумите пренесоа дека локалните здравствени власти забраниле
напуштање на градот откако позитивен испадна тестот на Елиф Елмас.
Се говореше за
одложување на мечот против Јувентус, но од таборот на „старата дама“ се
огласија и соопштија дека тие ќе истрчаат на терен во закажаниот термин. Се огласија и од Серија А, пораката беше дека мечот помеѓу Јувентус и Наполи ќе се
игра во недела во 20:45 часот.
Потоа имаше
гласини дека локалните здравствени власти сепак не дале забрана за патување,
односно во документот никаде јасно не е наведено дека експедицијата на Наполи мора
во карантин од 14 дена и дека не смее да го напушти градот.
Но како и да е,
Наполи утрово не отпатува во Торино. Клубот е на ставот дека локалните
здравствени власти не им дозволуваат да патуваат, и доколку загубат со службени
3-0, ќе достават жалба.
Останува да
видиме дали ќе се случи скандал или пак ќе биде постигнат компромис, советник
на Фудбалската федерација на Италија вели дека мечот сепак ќе биде одложен.
„Мечот помеѓу
Јувентус и Наполи ќе биде одложен. Се движиме во таа насока. Одлуката на АСЛ
(локалните здравствни власти) е легитимна, правилата се јасни“ – вели Ло
Монако.