Легендарниот
тренер на Арсенал, Арсен Венгер открива дека имал можност да седне на клупата
на Манчестер јунајтед, меѓутоа одби да прецизира конкретно за кој период
станува збор, иако медиумите шпекулираат дека се работи за периодот 2000/2001
година.
Французинот го
напушти Арсенал во 2018. година, по цели 22 години минати во клубот од Северен
Лондон, каде освои три титули во Премиерлигата, а медиумите често се
интересираат за можноста која тој ја имал да седне на клупата на ривалот
Манчестер јунајтед, во периодот кога Алекс Фергусон размислувал за
пензионирање, но, наместо тоа следеше пресврт по тоа прашање и остана во клубот
дополнителни 12 години.
„Да, но нема да
ви го откријам периодот кога ми беше тоа понудено“ одговори Французинот
запрашан дали некогаш му било понудено да биде шеф на стручниот штаб на
Манчестер јунајтед, но одби да прецизира конкретно за периодот.
„Меѓутоа, можам
да потврдам дека Манчестер јунајтед ми понуди да им бидам тренер“ додаде
поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал.
Истовремено, во
интервјуто за „Тајмс“, Венгер потврди и дека му било понудено да седне на
клупата на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, како и националниот
состав на Франција.
Венгер исто така
додаде дека неколку пати му било понудено да го презеде кормилото на ПСЖ.