Рудигер има неколку опции пред себе, Челси фаворизира една од тие

by
1 минути читање

Милан и Рома се
опциите кои ги има на маса дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер, меѓутоа, се
верува дека фаворит за неговите услуги е Тотнем, со што Германецот би можел да
остане во Премиерлигата и оваа сезона, се спомнуваат уште Интер и Барселона.

27 годишниот германски
стопер не е повеќе во преден план кај својот тренер Франк Лампард, а дека е
така шефот на стручниот штаб на Челси потврди и со денешниот избор за
пресметката против Кристал Палас на домашен терен, каде Рудигер воопшто не е
ниту во составот.

Се верува дека
фактот што денеска тој е вон составот на Челси доволно говори дека се
подготвува за трансфер пред крајниот рок во понеделник, меѓутоа засега само се
шпекулира во однос на тоа каде ќе заврши.

„Кориере дело
Спорт“ и „Калчомеркато“ известија дека Милан сериозно е заинтересиран за
услугите на дефанзивецот, а од таму веруваат дека нема да зачуди Германецот да
се пресели во Милано, а „Атлетик“ пишува дека од Челси се согласни да го
испратат на позајмица во Милан, Рома, Интер или Барселона, повеќе отколку да го
засилат својот градски ривал тотнем во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани