Десниот бек долго време се поврзуваше со преселба во Баерн Минхен, но откако Барселона го продаде Нелсон Семедо на Вулверхемптон, веднаш испрати понуда до Ајакс и успеа да договори трансфер.
Сержињо Дест попладнево беше презентиран како ново засилување, и на прашањето за „баварците“ рече: „Баерн Минхен е фантастичен клуб, но го следев срцето. Убеден сум дека Барса е правото место и правиот избор“.
19 годишниот Американец со холандски пасош, кој очигледно имаше малку трема на презентацијата и се посрамоти при обидите да ги покаже фудбалските вештини, потоа откри дека идол му поранешната ѕвезда на Барса, Дани Алвеш.
„Имам изгледано многу видеа од Дани Алвеш и се обидувам да научам многу од него. Тој ми е мерило за успех. Сакам да бидам како него, да трчам напред и назад по десната страна, и доколку треба да тренирам повеќе за да успеам, ќе го сторам тоа“.
Неизбежно беше и прашањето за Лео Меси.
„Прекрасно е што ќе играм со најдобриот во светот. Ќе трчам колку што треба за него. Возбуден сум што ќе можам да се сретнам со Меси“.