19 членови на Џенова се заразени со коронавирус откако новата рунда тестови донесоа три нови случаи. Од таборот на „рособлу“ потврдија дека станува збор за играчите Петар Брлек и Миха Зајц, како и Валтер Бресан, асистент на тренерот Роландо Маран.
Џенова од претходно ги суспендираше сите активности до понеделник, а беше одложен и дуелот против Торино во Серија А.
Кратко потоа се огласија и од Наполи, противникот на Џенова од минатиот викенд. Првите тестови на „наполитанците“ беа негативни, но за жал вторите тестови направени вчера донеле два позитивни резултати.
Заразен со ковид-19 е фудбалерот од средниот ред Пјотр Зелински и соработникот Џандоменико Коси.
Наполи се подготвува за дуелот со Јувентус во недела, и пред да отпатуваат за Торино ќе биде направено ново тестирање.