„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Два меча во низа за Кастањ со противници по мерка

by
11 минути читање

Претстојниов
викенд пред нас се возбудувањата од четвртото коло во новата сезона од
Премиерлигата, а ќе наведеме дека петтото коло ќе следи по две седмици поради
интернационалната пауза, имајте во предвид дека викендов не ви се потребни
ризични потези, па така советуваме да имате трпение поради репрезентативните
собири и можните последици од тоа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во воведниот дел
ќе се осврнеме на случувањата од третото коло, а таму најголемото разочарување
беше во ѕвездата на Тотнем, Сон кој во мечот против Њукасл одигра само едно
полувреме, за потоа да се дознае дека Кореецот се здобил со повреда, а само во
45 минути игра на два пати погоди во стативата, а малку недостасуваше да погоди
на маестрален начин од слободен удар.

Претходната
анализа
:
Ќе продолжи ли Сон во ист ритам?

Како и да е, во
последната изјава во однос на повредата на Сон, Жозе Мурињо не ја отфрли
целосно можноста Кореецот викендов да настапи, меѓутоа наведе дека тој е крајно
неизвесен, инаку Кореецот беше најкупуван фудбалер од средниот ред за
претходното коло, со близу еден милион натпреварувачи зад своето име.

Од останатиот
избор кој го препорачавме, се потврди дека Алекс МекКартни од Саутемптон е
одличен за ротација на голманската позиција со Метју Рајан од Брајтон,
Саутемптон не прими гол на гостувањето кај Барнли и со тоа МекКартнио освои
бодови од клин-шит. Понатаму, Хамес Родригез разочара во победата кај Кристал
Палас, не освојувајќи дополнителни бодови од својот настап.

Маркус Рашфорд
погоди во победата на Манчестер јунајтед кај Брајтон со што освои 7 бода, а
Патрик Бамфорд го донесе победникот во гостувањето на Лидс кај „разнишаниот“
сезонава, Шефилд, со што напаѓачот со повеќе од скромна цена запиша 8 бода.

Не можеме да се
пофалиме со добро коло, од причина што во третото просекот на освоени бодови
изнесуваше 43, а нашата препорака донесе и повеќе од скромни 38 бода, па се
надеваме дека претстојното коло ќе донесе многу побогата бројка на контото.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред самата
селекција, ќе обрнеме и внимание на тоа како стои ситуацијата во поглед на
трансферите, сосема очекувано, најкупуван фудбалер е напаѓачот на Евертон, Доминик
Калверт-Луин кој во три меча досега постигна фантастичен учинок од пет
погодоци. По него следи бекот на Лестер, Тимоти Кастањ, а водечката тројка ја
заокружува напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд, кој во воведните три кола има
исто толку и погодоци.

Најпродаван за
ова коло е ѕвездата на Тотнем, Сон со близу еден милион натпреварувачи кои веќе
се ослободиле од него, иако постојат минимални шанси Кореецот да се врати од повредата
претстојниов викенд на гостувањето кај Манчестер јунајтед. Понатаму, следи
напаѓачот на Челси, Тимо Вернер чие трпение со него полека но сигурно
натпреварувачите го губат, а тројката на оваа листа ја заокружува Ентони
Марсијал од Манчестер јунајтед, кој во два меча не успеа да стори ништо посебно
досега, иако неговиот тим постигна четири погодоци.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Стандардно,
тргнуваме со голманската позиција, а како што неколку пати наведовме,
остануваме на ставот дека најдобрата тактичка варијанта по ова прашање е
ротација на голманите на Саутемптон, односно Брајтон, кои се доста економичен
избор. За ова коло, повторно како и претходното довербата ќе му ја укажеме на
Алекс МекКартни (4.5) кој со својот Саутемптон на домашен терен го пречекува
ВБА.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во дефанзивната
линија ќе селектираме тројца, со оглед на формациската поставеност од 3-5-2, за
која сметаме дека е најдобра варијанта во походот кон повеќе бода, а тука ќе
почнеме со Трент Александер-Арнолд (7.5) од Ливерпул кој со својот тим гостува
кај Астон Вила, една доста респектабилна екипа во новата сезона, која почна со
две победи од исто толку и одиграни натпревари, ланската се спасуваше во
последни моменти за опстанок во елитното друштво. Арнолд претходното коло
запиша асистенција во победата против Арсенал, но без дополнителен клин-шит.

И покрај тоа што
сме свесни со фактот дека Хамес Родригез со своето доаѓање во Евертон му ги
„украде“ дури и изведувањата на корнерите на Лука Дињ (6.1), ова коло ќе му
укажеме доверба на францускиот бек кој пред себе ова коло ќе го има Брајтон,
што е убава можност за клин-шит, но и асистенција, а зошто да не и гол од
фудбалерот кој повеќе го гледаме на противничката половина отколку на својата.
Дињ претходното коло запиша асистенција во победата кај Кристал Палас, но
остана покус да дојде до клин-шит.

Триото дефанзивци
го заокружуваме со фудбалерот од кого очекуваме најмногу ова коло, фудбалерот
за кого ни е задоволство што го најавивме уште пред самиот старт на сезоната
,
големото засилување на Лестер во
новата сезона, бекот Тимоти Кастањ (5.7) кој уште во првите три меча докажа
дека станува збор за навистина одличен фудбалер. Белгиецот носи бодови три кола
по ред, а со оглед на фактот што во идните две кола ќе игра против Вест Хем и
Астон Вила на домашен терен ни носи големи очекувања од него. Во однос на
Кастањ, ќе заокружиме дека моментално е на првото место по бодови кај
дефанзивците.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Гостувањето на
шампионот Ливерпул кај Астон Вила нуди голема можност за Мохамед Салах (12.1),
меѓутоа, истовремено и одредена доза на претпазливост во однос на противникот
кој во двата досегашни одиграни меча нема примено ниту еден гол во сопствената
мрежа. Како и да е, Салах е одличен избор дури и за капитен ова коло.

Вилијан (8) со
Арсенал ќе има можност за бодови во дуелот против Шефилд Јунајтед на домашен
терен, Бразилецот тргна со три асистенции во првото коло кај Фулам, но во
следните две кола апстинираше без никаков дополнителен придонес, таква можност
ќе има викендов против екипа која никако да се пронајде во новата сезона.

Хамес Родригез (7.7)
од Евертон и покрај тоа што потфрли претходното коло во гостинската победа кај
Кристал Палас, и повеќе од очигледно е дека Колумбиецот е фудбалер кој би
морале да го имате за ова коло, „Карамелите“ на домашен терен го пречекуваат
незгодниот Брајтон, а сигурно дека составот на Карло Анчелоти ќе атакува на
четвртата победа од исто толку одиграни натпревари во новата сезона во
Премиерлигата.

Првиот пеналџија
во Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш (10.5) во претходното коло погоди од
белата точка дури и откако мечот заврши, поради ВАР ситуацијата, за да донесе
победа за „Црвените ѓаволи“ од гостувањето кај Брајтон. Викендов тимот на Оле
Гунар Солшер игра дерби против Тотнем на свој терен, па иако претходно го наведовме
Маркус Рашфорд, како алтернативна опција, а тоа излезе како добар потег, сепак,
овој пат предност ќе му укажеме на Фернандеш, иако не го отфрлајте претходниот
избор кој исто така е солиден.

Јасно е дека на
Челси со новите големи засилувања ќе му биде потребен одреден период, иако веќе
голем број натпреварувачи го губат трпението, но, ние ова коло ќе му укажеме
доверба на Каи Хаверц (8.4) кој во претходното коло во ремито кај ВБА веќе ги
запиша првите дополнителни бодови по асистенцијата, против Кристал Палас на
домашен терен Германецот ќе има можност за нешто повеќе од тоа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Калум Вилсон (6.4)
веќе постигна два гола во три меча за Њукасл, каде дојде од Борнмут за новата
сезона, а фактот што пред себе ќе го има Барнли за противник викендов, отвора
големи можности за напаѓачот да продолжи со одличната серија.

Иако помалку
изненадувачки, меѓутоа за ова коло повторно ќе продолжиме со Александар
Митровиќ (6)
од Фулам, првата ѕвезда на тој состав кој сигурно му претстои
грчевита битка за опстанок сезонава, барем така наликува по трите одиграни кола
во новата сезона каде составот на Скот Паркер забележа исто толку и порази, а
Митровиќ досега постигна два гола, па со оглед на неговата ниска цена не е
голем ризик да се селектира Србинот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad


Предлог-состав:
МекКартни (4.5); Арнолд (7.5), Дињ (6.1), Кастањ (5.7);
Салах (12.1), Вилијан (8), Родригез
(7.7), Фернандеш (10.5), Хаверц (8.4)
; Вилсон (6.4), Митровиќ (6)

Капитен: Мохамед Салах

Заменик-капитен:
Хамес Родригез

 

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Традиционално,
анализата ја заокружуваме со актуелната ситуација на табелите во генералната
лига на Македонија, како и таа на „24фудбал“.

Во лигата каде
што се сите натпреварувачи од нашата земја, лидер е Петар Трајковски со
досегашни 243 освоени бода, имате можност да се запознаете со неговиот избор од
претходното коло.

Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал“, таму лидер е Слободан Марче со досега освоени 231
бод, ви го претставуваме и неговиот избор од претходното коло.

Среќно до сите
натпреварувачи во новото коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен
: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани