237
Она за што се шпекулираше сега е и официјално, Бенфика преку соопштение потврди дека постигнале договор со Тотнем за трансфер на Винисиус.
„Бенфика информира дека е постигнат договор со Тотнем за позајмица на играчот Карлос Винисиус до крајот на сезоната за сума од 3 милиони евра. Во договорот има и клаузула според која тој може да биде комплетно откупен за 45 милиони евра“, стои во соопштението на Бенфика.
Со ова е исполнета уште една желба на Мурињо, Тотнем немаше класична замена за Хари Кејн, сега го има и тоа.