Арсенал и
Ливерпул синоќа настапија во комбинирани состави за разлика од претходниот дуел
во Премиерлигата, а на крајот „Топчиите“ беа тие кои се радуваа, и тоа по
изведување на пенали откако претходно резултатот остана без голови.
Дека Ливерпул
доминираше доволно говори и статистиката од таа пресметка, а шефот на стручниот
штаб на „Редсите“, Јирген Клоп особено не е среќен поради изданието на голманот
на противникот, инаку негов сонародник Бернд Лено, кој беше одличен, особено во
второто полувреме.
„И лично му го
кажав тоа дека не сум среќен поради неговите перформанси“ рече Клоп по мечот,
кој додаде дека сепак неговите избраници покажале квалитет, но, недостасувале
погодоците.
„Имавме навистина
убави моменти на мечот, како тренер посакував да погодевме, но истовремено и да
бидеме креативни, покажавме квалитет, меѓутоа сето тоа не функционираше,
можевме да бидеме многу подобри во завршницата од нападите, но на крајот
налетувавме на Лено кој имаше навистина предобро издание“ додаде Германецот.