Милан е последниот
патник во групната фаза од Лига Европа. Откако сите натпревари завршија, во Вила
до Конде се случуваше луда пенал серија.
Салемакерс ги
донесе „росонерите“ во водство во 51. минута, но дваесетина минути подоцна,
Жералдес погоди за 1-1 и го однесе натпреварот во продолженија.
Не поминаа ни 20
секунди во продолженијата, Желсон го совлада Донарума за 2-1 и најави
изненадување. Сепак, во последните мигови од мечот, еден домашен дефанзивец
играше со рака во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка и Чалханоглу
изедначи на 2-2 и донесе пенали.
Во пенал
серијата, Милан во три наврати беше на прагот на елиминација, Рио Аве немаше
среќа откако обидот на Монте заврши во едната статива па во другата и излезе.
Потоа промаши и голманот Кишек а шанса да го елиминира фаворитот од Италија пропушти и
Жералдес.
Казна за ова
стигна во 12-та серија, Кјер погоди а Донарума го одбрани обидот на Адерлан па
Милан се пласираше во групната фаза од Лига Европа.