Гол шоу во Лондон, дури девет погодоци беа постигнати на мечот меѓу Тотнем и Макаби Хаифа, седум пати се тресеше мрежата на гостите.
Серијата ја отвори Хари Кејн уште во втората минута од натпреварот, но Макаби брзо се врати во игра, Чери реализираше во 17. минута.
Сепак Тотнем брзо го врати водството, четири минути подоцна Лукас погоди за 2-1, а до крајот на полувремето Ло Селсо постигна уште два гола па на полувремето се замина со 4-1.
По шест минути игра во вториот дел Рукавица намали на 4-2 за мала надеж на Макаби, но таа траеше само четири минути, тогаш Кејн од пенал реализираше за 5-2.
Хари Кејн во 74. минута постигна уште еден гол за негов хет-трик и водство од 6-2, а конечните 7-2 беа дело на Деле Али во судиското продолжение од пенал.