Пеп Гвардиола откако пристигна во Манчестер Сити потроши 480 милиони евра само на дефанзивци, но и покрај тоа се уште не успеа да ја најде идеалната четворка пред голот на Едерсон.
„Дејли Мејл“ пишува дека Гвардиола очајно посакува да му биде донесен нов лев бек пред крајот на преодниот рок.
На оваа позиција Сити ги има Бенџамин Менди и Зинченко, а може и Аке по потреба да игра таму, но Пеп сака да го освежи овој дел од тимот со нов играч.
Има две опции, едната е Давид Алаба од Баерн Минхен, а другата Николас Таљифико од Ајакс.
Двајцата имаат по 28 години и Пеп смета дека одлично би се вклопиле во неговиот тим.
Алаба има уште една година од актуелниот договор со Баерн Минхен. А за Таљифико ќе треба да се плати поголема сума, Ајакс нема да сака да се ослободи од него особено што ова лето веќе ги продаде Дони ван де Бек и Хаким Зиеш.
Пеп планира да се ослободи од Зинченко, доколку успее да ангажира нов лев бек.