Во текот на второто полувреме Даер излезе од теренот и отиде во тоалет, Мурињо тргна по него во соблекувалната да го бара. Дефанзивецот сега го објаснува моментот, а наградата за играч на мечот ја стави на ВЦ шолјата и објави фотографија на својот инстаграм профил.
„Многу сум среќен и горд на тоа како одигравме со исклучок на првите 15 минути. Им дадовме преголема почит, но потоа бевме фантастични“, вели Даер.
„Откако играв во неделата, не беше лесно сега, можеби тоа беше причината поради која морав за момент да излезам но поминавме“.
„Жозе не беше среќен, но не можев ништо да направам околу тоа, природата ме викна. Слушнав дека имало шанса додека бев надвор од теренот, но за среќа не постигнале гол“.
Сликата на Даер од наградата за играч на натпреварот и ВЦ шолјата. Тој напиша: „Вистинскиот играч на мечот“.