74
Рубен Диаш е најскапиот дефанзивец кој го купува Манчестер Сити, за него плаќаат 68 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси. Тој стави потпис на шестгодишен договор со португалскиот клуб.
„Сити го комплетираше трансферот на португалскиот репрезентативец Рубен Диаш од Бенфика. 23-годишниот централен бек потпиша шетгодишен договор според кој во клубот ќе биде до летото 2026“, стои во соопштението на Манчестер Сити.
Претходно Бенфика објави дека е договорен трансферот на Николас Отаменди за кој ќе му платат на Сити 15 милиони евра.