Изминатото коло за прв пат во својата кариера Пеп Гвардиола прими пет гола на еден натпревар, откако загуби со 5-2 од Лестер. Одбраната играше очајно, дури тројца од четворицата дефанзивци направија прекршок за пенал.
Тоа што шокира е парите кои Манчестер Сити ги има дадено за дефанзивци со цел да ги исполни желбите на Пеп Гвардиола за ангажман на одбрамбени играчи.
Клубот платил речиси 480 милиони евра само за дефанзивци откако Пеп Гвардиола е тренер на тимот, а и покрај толку фрлени пари одбраната не функционира.
Некои сметаат дека ако таа не профункционира и со Рубен Диаш за кој ќе бидат платени 71 милион евра, и ако Сити не освои голем трофеј оваа сезона, Пеп Гвардиола ќе добие отказ.
Дефанзивците купени во времето на Гвардиола:
Данило – 30 милиони евра
Кансело – 65 милиони евра
Отаменди – 45 милиони евра
Стоунс – 55 милиони евра
Лапорте – 65 милиони евра
Менди – 57 милиони евра
Вокер – 53 милиони евра
Анхелињо – 12 милиони евра
Јан Коуто – 6 милиони евра
Сандлер – 2,5 милиони евра
Мари – 0,2 милиони евра
Рубен Диаш – 68 милиони евра + 3 милиони во бонуси