Голманот Матиа Перин и играчот од средниот ред Ласе Шоне поради коронавирусот го пропуштија мечот против Наполи.
На тестирањето по натпреварот се појавиле уште многу позитивни случаи, Џенова соопшти дека бројката на позитивни на ковид-19 се искачила на 14. Меѓу тие се фудбалери и членови на стручниот штаб.
Утре Пандев и соиграчите ќе имаат ново тестирање, се стравува дека може да се јават и уште позитивни случаи.
„Џенова сака да соопшти дека по денешните тестирања, бројот на позитвни членови на ковид-19 се искачи на 14. Клубот ги активираше сите процедури по протоколот и ги информираше авторитетите. Клубот ќе ги соопштува новите моменти околу целата ситуација“, се вели во соопштението на Наполи.
Имињата на позитивните фудбалери не се соопштуваат, според „СпортМедиа“, Горан Пандев е негативен.
Џенова изминатиот викенд играше против Наполи, а тоа може да биде дополнителен проблем за нашата репрезентација бидејќи и Елиф Елмас настапи на мечот.
Македонија на 8. октомври го игра важниот меч против Косово, собирот на репрезентацијата е во недела, се надеваме дека Пандев и Елмас нема да имаат проблеми со ковид-19 и ќе му бидат на располагање на Игор Ангеловски.