76
„Лисиците“ синоќа
приредија големо изненадување откако со убедливи 2-5 триумфираа на гостувањето
кај Манчестер Сити. Пеп Гвардиола, кој за прв пат како тренер прими пет гола,
го нападна Лестер и ги обвини гостите дека се бранеле и не сакале да играат фудбал.
Слично
размислување има и Родри, фудбалерот од средниот ред изјави дека Лестер се бранаел
со 11 играчи за топката и имал многу среќа.
„Имаа среќа. Лестер
дојде тука и се бранее со 11 играчи зад топката. Јас сум млад и се обидувам да
научам нешто од секој натпревар, но од натпревари како овој, каде противникот
не прави ништо, останувам збунет. Не сака да играм така“ – вели Шпанецот.