Од клубот побараа извинување: Гранада брутално истролана од својот главен спонзор (ФОТО)

by
1 минути читање

Гранада доживеа
тежок пораз кај Атлетико Мадрид во рамките на третото коло од новата сезона во
Примера, а освен тоа, клубот беше и во целост истролан на социјалните мрежи од
страна на еден од своите спонзори.

Андалузијците се
огорчени и крајно револтирани по објавата на „Винамакс“ на социјалните мрежи,
која воедно ги надминува и сите граници на тролање, инаку станува збор за
компанија која се бави со обложување, а е главен спонзор на шпанскиот прволигаш
,
таа во една фотографија ги
демонстрираше „перформансите“ на Жоао Феликс кој постигна еден гол, а воедно
запиша и една асистенција на мечот.

По таа објава на
„Винамакс“ следеше и реакција од страна на Гранада, од клубот побараа јавно
извинување наведувајќи дека станува збор за крајно неодговорна објава без почит
кон самиот клуб и неговите навивачи, а од таму најавија и можна правна разврска
во интересот на институцијата со 89 години историја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×