Стив Брус: Ова е погрешно, нема никаква смисла, Дајер воопшто не гледаше во топката

by
2 минути читање

Тотнем и Њукасл
одиграа реми со резултат 1-1 во вчерашниот меч од третото коло од
Премиерлигата, со што обете екипи моментално имаат ист учинок на бодови, но
вистинска драма се одвиваше во самата завршница од мечот во Лондон.

Во самата
завршница Ерик Дајер играше со рака во казнениот простор на домаќините, а по
прегледувањето на снимката со помош на ВАР технологијата, на крајот беше
досуден пенал за гостите кој во гол во 97. минута го претвори Калум Вилсон.

Сепак, и покрај
тоа што неговиот тим профитираше од последните случувања со ВАР технологијата,
каде акцент е ставен на правилото со играње рака, што за многумина го уништува
фудбалот, шефот на стручниот штаб на Њукасл, Стив Брус ги повика сите тренери
на Островот да се обединат против ова правило бидејќи истото го уништува
спектаклот во Премиерлигата.

Целата ситуација
со ВАР технологијата и играњето со рака оваа година е без никаква смисла

призна Брус по мечот.

Можеби ние сите
треба да се обединиме и да го сопреме сево ова, бидејќи истото го уништува спектаклот,
ние се извлековме со ова денеска, меѓутоа утре ќе го почувствуваме сево ова на
наша кожа
“ додаде тој.

Јас претходно
сметав дека ВАР ќе биде и повеќе од корисен за да донесе тешки одлуки кои ќе
бидат фер и коректни, сепак, сево ова го уништува спектаклот во Премиерлигата.
Целата ситуација со играњето рака се провлекува 100 години можеби, доколку
станува збор играње со рака по што спречува шанса за гол, тогаш да, тоа е
пенал, но јас сметам дека Дајер не гледаше воопшто на топката, сево ова е погрешно

заклучи Стив Брус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани